Press "Enter" to skip to content

Битола на +37 степени целзиусови, најтоплиот ден годинава (фотогалерија)

Денес 3 јули најжешкиот ден со измерени, во 13 часот, +37 степени на бензинската пумпа кај “Довлеџик“, која е повисоко и на отворено, а сигурно беше потопло во градот, на асфалтот, по плочките на Широк Сокак, во Чаршијата…Лекарите со препораки да се избегнува подолго претсојување на сонце од 11-17 часот, но  Битола и битолчани  и на овие пеколни температури и во ова време кое е најтопло, го живеат своето секојдневие и секој ги прави своите секојдневни обврски.Заштитени со  очила за сонце, тенка облека се разладуваа со пијалоци во сенките на паркот или во кафулињата на Широк Сокак.Оние кои не се на годишен одмор следејќи ги препоракте на лекарите  брзаа да ги направат своите работни обврски и да си одат дома или во сенка да се разладат, а и оное кои пазаруваа исто така брзаа  да купат она што е неопходно за денот и да одат во ладовина дома.На  Широк Сокак малален број на луѓе, а наместо на терасите на кафулиња кафето се пие внатре во локалите кои се климатизирани.Исто така забележавме и многу туристи кои праве селфи или се фотографираа покрај убавините во нашиот град.  Но, забележавме  и домаќини-граѓани кои иако е лето и далеку зимата им стигнаа дрвата за огрев или пелетите кои мора ги  средат за кога ќе залади.Секако секој се заштитува од жешкот време на различен начин дали со ладно пијалоци, сладолед, лубеница или друго овошје со кое пазарот изобилува.Најбарани превозни средства се велосипедите, моторциклите, електричните тротинети, а се избегнуваат автобусите и автомобилите.Еве низ фотогалерија како функцинираа битолчани од 12 до 15 часот на најтоплиот ден годинава.