Press "Enter" to skip to content

Нема времени забрани за риболов во “Стрежевско езеро“, уловени и првите капиталци (фотогалерија)

ЈП “Стрежево“ информира дека истече и последната временска забрана на лов на одреден вид на риби, а од јули е дозволен лов на сите видови на риби за кои не е изречена мерка трајна забрана, а некои спортските риболовци веќе се пофалија, на своите фејсбук профили, со успешниот роболов, со уловените “капиталци“, крап, сом и штука.Но, концесионерот на “Стрежевската акулулација“ информира дека има и некои ограничувања во риболовот, така што сомот не смее да се лови со големина помала од 70 cm, крапот со големина помала од 40 cm, а кленот со големина помала од 30 cm.

Максималната дозволена количина на дневен улов на риба изнесува вкупно до 3 kg. Тоа значи дека доколку риболовецот во уловот има разни видови на риба, вкупната количина на улов по рекреативен риболовец на ден, не се дозволува да биде поголема од 3 kg, а воедно, не смеат да бидат надминати и максималните ограничувања за бројот на уловени единки по видови.Притоа, во вкупната количина до 3 kg влегуваат и сите останати видови на риби кои достигнуваат помали должини (белвица, кркушка и други).

По исклучок, дневно, со маса поголема од 3 kg дозволен e улов само на 2 (два) примероци на крап и 1 (еден) на сом.За видовите “сребрен карас”, “виножитна пастрмка” и “сончаница” нема никакво ограничување и истите можат да се ловат, во сите должини и во неограничени количини.

Следна временска забрана започнува на 1 октомври (за лов на пастрмка), а активни се трајните забрани на лов на златен карас и лињак.

Mission News Theme by Compete Themes.