Press "Enter" to skip to content

Романтика и уживање во старата битолска чаршија на “Фестивалот на староградска музика и вино“ (фотогалерија)

Синоќа  амбиентот на старата битолска чаршија се исполни со звуците на песните „Не стој Доне Донке“, „Мајка на Марика думаше“, „За Солуна, за Стамбола Битола не давам„… а ги свиреше групата „Деспина“ која заедно со Марија Груевска беа интерпретатори за првата вечер од  манифестацијата „Фестивал на староградска музика и вино“.Многу присутни уживаа во овие песни кои голем дел и произлегеле од тука од старата чаршија… низ тесните улички, пред кепенците каде и се случувал општествено – економскиот културниот и социјалниот живот на стара Битола.  Но, дел од нив и се вратија во време кога тука  постоеја многу кафулиња, ресторани и културно забавниот живот се одигруваше тука.Манифестацијата „Фестивал на староградска музика и вино“ е во рамки на Битолско лето 2019 година. “Фествалот на староградска музика и вино“ се одржува втора година по ред и со него  сакаме да го вратиме сјајот на битолската чаршија и можеби со повеќе вакви манифестации ќе заживее во овој летен период. Амбиентот е создаден за ваква музика и уживање во неа со чаша вино. Вечерва сите уживаа со сортните вина од винаријата “Чифлик“, вели организаторот.Сега веќе возрасни битолчани, кои дел беа тука се присетуваа дека  еден период поточно во 80 години,  тука и се случувал забавниот живот на битолчани и тоа не само во лето, туку и преку целата година. Голем број на кафулиња, ресторани каде до доцна во ноќите музиката не била проблем за околината.Улиците и се создадени за корзо и шетање. Сигурен сум дека се било поромантично и многу млади и сега би сакале да се врати таа романтика која им недостига на сите кои се вљубени.Тука синоќа се направи многу добра атмосфера со вечерашните изведувачи групата “Деспина“ задолжена за староградскиот мелос, а интерпретаторот Марија Груевска за забавниот дел.Потребни се повеќе манифестации со кои би се вратиле традициoналните и културни вредности кои и ги поседува оваа чаршија, а  секако и градот Битола.Вечерва е втората вечер од фестивалот со групите „Мелос бенд“, „Икс бенд“ и Сефејдин Бајрамов.

Жанета Ристевска