Press "Enter" to skip to content

Вила “Микена“ со идеална местоположба и поглед кон врвот Пелистер (фотогалерија)

Синоќа свечено беше отворена вила “Микена“ во сопственост на “Ангромаркет“, која располага со 18 соби, 54 легла, лоби бар, детско забавно катче, бар, кафуле, тераса…На свеченото отварање на вила „Микена“ на групацијата Ангромаркет  сите присутни воодушевени од прекрасно, амбиентално уреден простор. Вила „Микена“ со идеална местополжба на влезот на Битола, во подножјето на Пелистер и патот за Охрид.Совршено место  за туристите кои сакаат да бидат близу до градот, но во природа со прекрасен поглед кон врвот Пелистер. Но не само со својата местоположба Вила „Микена“ плени со просторот современо уреден и опремен со многу вкус. Цел простор амбиентален  рецепцијата и лоби барот широк пријатен простор во пастелни бои. Собите пространи, а  терасите со поглед кон планина, околни ридови и убавата природа на влезот на Битола.Поразговаравме со Билјана Лазаревска комерцијален директор на „Ангромарекети“ која беше и пи-ар на вечерта.-Вила „Микена“ располага со 18 комплетно уредени соби  со 2, 3 и  4 легла. Секоја соба има ЛЦД телевизор и мал фрижидер за потребите на гостите. Посебна убавина на собите се терасите кои се уредени во планински стил од дрво и имаат поглед кон убавата природа во околината. Така гостите ќе можат да уживаат во чистиот воздух. Покрај опцијата со оброк, оние кои сакаат сами да си подготвуваат оброци располагаме со кујна и фурна во уредениот двор која може да ја користат по желба.Во дворот има  современо уреден лоби со романтични крлешки, а за децата забавен дел каде можа да си играат додека родителите во лоби барот се одмараат и релаксираат со кафе и сок.-Овој лоби бар е отворен и за сите оние кои сакаат да се освежат од летните жештини на свеж воздух од Пелистер. Вила „Микена“ со својата местоположба ќе биде идеално место за туристите кои ја посетуваат Битола и оние кои заминуваат или се враќаат од Пелистер, додава Лазаревска.Сите информации поврзани со сместување и цени ги има на  интернет страна на Вила Микена за букинг. Во иднина планираме и опремување на другите простори со теретана, спа-центар и базен.Вила “Микена “ подготвува и други изненадувања како за гостите кои ќе бидат сместени така и за нашите битолчани.

Жанета Ристевска