Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: колонијата “Де Ниро“ и во 2009 година беше значаен културен настан (фото)

Традиционално 15 години по ред во овој период се одржува меѓународната ликовна колонија “Де Ниро“, па затоа, Димче Миновски, потсетува на тоа како изгледаше колонијата пред 10 години.-Според моите забелешки кои ги имам, пред 10 години колонијата се одржа во месец јули, и тоа при крајот, а годинава се одржа еден месец порано. Во 2009 година уметниците твореа во фоајето на Народниот театар, а не можам да кажам дали беа цело време таму или само дел од работата изведуваа таму. Но, и тогаш со нив беше Панде Петровски, кој им беше домаќин на сите кои твореа во Битола, вели доајенот на битолското новинарство, Димче Миновски, кој грижливо ги има забележувано најзначајните настани се само во последните 10 години, туку и порано.Колонијата годинава го прослави големиот јубилеј, 15 години непрекинато одржување, со голема творечка работа на десетина уметници од цел свет, со изложби, работилници и она што за организаторите Силвана и Драги Филевски, многу дружење.

Mission News Theme by Compete Themes.