Press "Enter" to skip to content

Отворен поетскиот фестивал  “Поетски синтези“ (фото)

Во Битола, вчеравечер, беше отворен единаесеттиот меѓународен поетски фестивал „Поетски синтези-2019“ во организација на  Здружението за наука и култура „Нова“  и НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола

Под отворено небо во амбиенталниот простор „Магаза“ во центарот на градот, со избор поезија настапија петнаесетина поети  меѓу кои поети од Германија, Хрватска и членови на ДПМ. Традиционалната наградата „Поетска муза“ за најдобра интерпретација и стилска композиција на песна ја доби Анѓелка Корчуланиќ од Сплит, Хрватска за песната „Писмо до Никола Тесла“.Неа и беше врачена и една од уметничките акварели на Сара Длака од Пула чија изложба беше поместена во Магазата за време на фестивалот.

На вториот фестивалски ден во НУУБ „Св. Климент Охридски“ќе се одржи Симпозиум на тема: Поетското творештво на Петре М. Андреевски.

Mission News Theme by Compete Themes.