Press "Enter" to skip to content

Изложба “Одблесоци“ на битолскиот слободен уметник Слободан Рајчевски (фото)

Во “Магазата“ беше отворена ликовна изложба “Одблесоци“ на нашиот сограѓанин Слободан Рајчевски, слободен уметник кој зад себе веќе има веќе самостојна изложба и повеќе учества на групни излагања.

„Да се слика, се мора“, така вели Слободан Рајчевски,  уметник по вокација, економист по професија. Од раното детство Рајче, како го викаат пријателите се дружи со сликата.Да се препознае убавото, да се сонува во бои. Животниот пат го одведе во економијата (па од нешто мора да се живее) но никогаш не се откажа од потребата да се твори, да се живее во уметноста и заради уметноста.

Инспирација на Рајчевски доаѓа од секојдневието, од соништа на јаве и различни животни буици  кои катадневно го носат уметникот.

Од говорот на цвеќето кое го заробува уметникот во експлозија на колоритот, преку вечно инспиративни сончогледи до волшебност и едноставност на полското цвеќе, па се до универзалниот лет на галебот, вечниот симбол на широчината и возвишеноста на човековата мисла.Уметникот кој пластично и мошне реалистично ни ја долови убавината на околината,  својата метафоричност и длабочина на појавното во нашите животи ги преточува во платната ЗАМИНУВАЊЕ 1 и 2, да конечно преку апстракција на урбаното живеење и градот да  пристигнеме до далечните земји, нови хоризонти преку прекрасниот портрет на малото девојче насловено како СЕЌАВАЊЕ НА АФРИКА.

И секако да не ја заборавиме музиката, преку БЕТОВЕН во сликите на Рајчевски го пронаоѓаме и гласот, односно музиката која што доколку ги „ослушнете“ сликите на Рајчевски ќе ви донесат музика и распеаност во вашите срца, а секако поттикнати од едноставност и живописност на боите на уметникот, чие послание по неговите зборови е потреба да се разубави секојдневното, обичното.

Mission News Theme by Compete Themes.