РЕК “Битола“ ја известува јавноста дека успешно завршија ремонтните активности на Блок 3 во рамките на кои се извршени сите планирани зафати.
Во текот на денот започнуваат пуштачките операции, по што “Блок 3“ ќе биде ставен функција и синхронизиран со електро – енергетскиот систем на земјата.
Паралелно со тоа, од работа ќе биде исклучен “Блок 1“ на кого ќе бидат извршени сервисно – санациони зафати за подобрување на производствените перформанси.
РЕК Битола ќе го продолжи производството на електрична енергија од “Блок 2“ и “Блок 3“, со што целосно ќе ги задоволи потребите од електрична енергија на АД ЕСМ и Република Северна Македонија.






