Press "Enter" to skip to content

Известување од КЈП “Водовод“ за доводен цевковод и нов резервоар за село Лавци

Имајќи предвид дека изведената градба „Доводен цевковод и нов резервоар за село Лавци“ е ставена во пробна функција, ЈКП “Водовод“ – Битола како надлежен општински давател на услуга Ве известува за следното:

Доводниот цевковод и нов резервоар за селото Лавци ќе се одржува во пробна функција се додека не се изврши целосно испитување на инсталираната опрема во истиот и хиперхлорирање на мрежата, а потоа треба да се направи официјално и целосно примопредавање на водоснабдителниот систем помеѓу Општина Битола и ЈКП. „Водовод“ – Битола. Во вакви околности, крајните потрошувачи водата можат да ја користат како необработена (техничка вода), се додека не добијат поинакво писмено известување.       

Упатуваме благодарност за соработката.  

 Со почит,  

ЈКП “Водовод“ Битола, директор, Горан Козаров                                                                             

Mission News Theme by Compete Themes.