Press "Enter" to skip to content

Прес на Методија Илиевски, координатор на советничката група на СДСМ, за планинаркиот дом “Копанки“

Прес конференција во врска со преписките за планинаркиот дом “Копанки“, одржа  Методија Илиевски, координатор на советничката група на СДСМ, на која за сопственоста рече:

-Општина Битола покрена постапка за поништување на незаконското приграбување на државниот имот на планинарскиот дом Кoпанки, сопственост на граѓаните, од страна на здружението ПСК Пелистер. По завршување на постапката и впишувањето на планинарскиот дом Копанки водржавна сопственост општина Битола ќе го побара во владение.

-Општината на својата сметка има доволно пари да го обнови планинарскиотдом Копанки во најбрз можен рок за што има и одлука на Советот. Јавноста треба да знае, здружението ПСК Пелистер има извршено незаконско приграбување на сопственоста на планинарскиот дом Копанки на 10.11.2016 преку негово впишување како таков во Агенцијата на катастар и недвижности. Ова е во директна спротиставеност  со членовите 105 и 106 од Законот за утврдување на правен статус. Согласно овие членови: Здружение на граѓани не може да биде сопственик на имот кој до 1991 година и припаѓал на државата, односно планинарскиот дом “Копанки“ бил и морал да остане во државна сопственост. Здружение на граѓани може да биде само закупец на овој имот, што било и случај до критичниот 10.11.2016 година кога со помош на тогашната криминална власт на ВМРО-ДПМНЕ, незаконски, преку ноќ, планинарскиот дом “Копанки станал приватна сермија на неколкупоединци. Битолската јавност многу добро знае дека претседателотна ПСК Пелистер е истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен советник во општина Битола во периодот 2009-2013. Само овој факт е доволен доказ за тоа дека со политички игри планинарскиот дом “Копанки“ некој сакал да го приграби, на штета на граѓаните. Копанки ќе остане во државна сопственост, во сопственост на граѓаните и нема да биде приватизиран.

Се обврзуваме Копанки да го изградиме, да го обновиме, да биде планинарски дом  кој своите услуги ќе ги нуди по пристапни цени. Конечно, планинарскиотдом Копанки ќе им го вратиме на Битолчани!

Почитуванисограѓани, за СДСМ и коалицијата зборот важи!

Mission News Theme by Compete Themes.