Press "Enter" to skip to content

Страшна сообраќајка кај “Карпош“ за среќа само со материјална штета (фото)

Околу пладне се случи страшна сообраќајна несреќа на крстосницата кај влезот во населбата “Карпош“ во која учесствуваа две моторни возила, марка “опел“ и “шкода“, двете со битолски регистарски таблички.

Според очевидците сообраќајната незгода се случила кога возилото “опел“ кое се движело по улицата “4-ти Ноември“ се судрило со возилот “шкода“ сопственост на такси компанија, кое се вклучувало од улицата “Кичевска“. По сообраќајката “опелот“ од силината на ударот се удрил во ѕидот на куќата.За среќа, велат очевидците“ иако изгледало многу страшно, немало тешко повредени, а според она што го видовме голема е штетата кај двете возила.

Собраќајната полиција излезе на увод со увидните екипи, и го пренасочуваше сообраќајот.

Mission News Theme by Compete Themes.