-Конференцијата на која ќе се зборува за сеќавање, орговорност и препознатливост на Ромите – жртви на Холокаустот ќе се одржи на 25 јули, во Битола, во универзитетската библиотека “Св. Климент Охридски“. Повикот за пријавување на учесниците веќе е објавен и очекувам да се пријават говорници кои ќе одговорат на темата. Ќе зборуваат универзитетки професори, професори по историја од средно и основно образование, студенти и други истражувачи на историјата.
Конференцијата е во рамки на проектот: Психосоцијална поддршка и советување, социјален клуб и односи со јавноста на 100 преживеани Роми жртви на колокаустот во Скопје финансиран од EVZ Stiftung – Erinnerung, Verantwortung, Zukunft кој е наменет за постари лица – Роми, жртви на Холокаустот во Македонија родени пред 09 Мај 1945 година.
Фатма Барјам Аземовска очекува дека од оваа конференција да се даде придонес за признавање на жртвите и сеќавање на Ромите кои биле жртви на Холокаустот и секако презентација на сите истражувања во врска со Ромите во тоа време.
Од сите трудови кои ќе се презентираат на конференцијата ќе се печати зборник.






