Press "Enter" to skip to content

Д-р Кристинка Пајаковска од “Плодност“ за предностите од породувањето во вода

Како и секогаш до сега,  специјалнара болница по гинекологија и акушерство “Плодност“ ќе биде лидер во регионот, и за прв пат кај нас, да го реализира овој тип на раѓање, породување во вода.

Деновиве во клиничкиот болнички центар во Ријека, Република Хрватска, на посебен вид едукација за алтернативните методи на породување, односно породување на столица и породување во вода, метод, кој е често применлив во клиниките во светот, учествуваа специјалистите гинеколози-акушери од ПЗУ Болница “Плодност“. Болница “Плодност“, следејќи ги светските трендови од областа на технологијата и едукацијата, целосно е подготвена за примена и на овој вид алтернативно породување, преку стручната наобразба на својот персонал и техничките можности и капацитети.

Кои се предностите од породувањето во вода, објаснува д-р Кристинка Пајаковска од Болница “Плодност“, која беше дел од тимот кој беше на едукација за породување во вода, вели:-Овој начин на породување има голем број на предности и за мајката и за бебето. Топлината на водата го опушта телото, а тоа за мајката значи намалување на болките. Релаксацијата води до подобра координација на болките кои траат пократко и се поефективни, а со тоа и се намалува и потребата за обезболување. Во водата се зголемува можноста за промена на положбата за време на раѓањето, се олеснува дишењето (родилката диши порамномерно без хипервентилација). Водата делува релаксирачки на мускулите на мала карлица и затоа се намалуваат бројот на повреди на родилните патишта и потребата од епизиотомии – така што се заедно доведува до поголемо задоволство на мајката. За бебето има помалку стрес поради помалата промена на температурата, без промена на средината, т.е имаме породување – “од вода во вода“. Светлината и звуковите од надворешната средина се поблаги кога се перципираат под вода, па и допирот со кожата на мајката е понежен преку водата.

Од технички и од аспект на кадар, што е потребно за да се воведе оваа новина?-Породувањето треба да се одвива во смирен и релаксиран амбиент, температурата на воздухот да биде 24 степени, без струење, температурата на водата 37 степени. Водата е проточна и лесно масира. Кадата во која се одвива породувањето е специјално изработена од материјал и форма дизајниран за породување и во таков облик им дава комфор на родилката и акушерките за взаемна соработка. Механичкото чистење, дезинфекција и редовни контролни брисеви, како и одводни цевки за еднократна употреба обезбедуваат спречување на појава и пренесување на инфекции.

Кога се размислува за породување во вода бременоста мора да биде нормална, нискоризична, без никакви компликации и други пропратни заболувања?

-Терминска, над 37 гестациска недела, едноплодова бременост во главична презентација, тестовите за ХИВ, ХЦВ и ХБВ на мајката да бидат негативни. Мајката да нема прекумерна телесна тежина, или фетоматернална диспропорција. Пред влегување во кадата родилката мора да биди прочистена и истуширана. Раѓањето треба да е во активна фаза, а родилката не смее да биде повеќе од 2 часа континуирано во вода. Ако породувањето трае подолго, по два часа ќе излезе од водата кратко време, за потоа да може да продолжи уште наредни два часа во вода. Состојбата на плодот се прати континуирано, со телеметриски ЦТГ запис. По породување на плодот и пресекување на папочната врвца, кадата се празни пред да се породи постелката. Секој момент кога имаме знаци за страдање на плодот, раѓањето не напредува со очекуваното темпо, ако се појави крварење, родилката ја напушта кадата и раѓањето се завршува според индикацијата во моментот.Иако е ова нова методи вашите пациентки покажаа голем интерес за породувањето во вода, дали тоа досега беше возможно во нашата држава:

-Во нашата земја досега ниедно родилиште не е опремено за да може да одговори на ова барање. Затоа одлучивме како и секогаш до сега, да бидеме лидери во регионот и за прв пат кај нас да го реализираме овој тип на раѓање. Наша екипа составена од доктори специјалисти гинеколози акушери, заедно со високообразовани медицински сестри акушерки беше на обука во клиничкиот центар во Ријека каде се практицира овој тип на продување. Во тек е набавка на најсовремена када за породување, имаме веќе поставена инфраструктура за монтирање на истата, така што очекуваме првите породувања во вода за радост на нашите родилки да бидат оваа есен.

Како и секогаш, докторите специјалисти и овој пат за примена на оваа метода за породување, ја имаат комплетната подршка од менаџерскиот тим и директорот на болницата д-р Таше Трпчевски, кои инвестираат во сите новини за подобрување на здравствените услуги на пациентките и нивното задоволство.

Раѓањето во вода е личен избор на пациентката, а за тоа да биде успешно тимот е подготвен, а едукацијата успешно ја заршија покрај д-р Кристинка Пајаковска, уште д-р Марија Христовска и д-р Никола Василески, како и медицинските сестри-акушерки Мерлинда Драла и Надица Нешковска.

Mission News Theme by Compete Themes.