Press "Enter" to skip to content

Ова лето за СДСМ ќе биде работно, секој ден на терен, рамо до рамо со граѓаните

Ова лето за СДСМ ќе биде работно! За нас и за нашите коалициони партнери зборот важи, а СДСМ останува да биде секој ден на терен рамо до рамо со граѓаните, да се презентира веќе сработеното но и да ги слушнеме нивните потреби, се со цел уште позасилено да работиме на реализација на централните и локалните програми, денес на прес-конференција ова го најави, партискиот портпарол на ОО на СДСМ-Битола, Борче Корлевски.

На средби во маалски и урбани средини со граѓаните, ќе разговараме за нивните потреби, за отворените прашања, за работата на локалната самоуправа и градоначалниците, за работата на централната власт и на институциите, но и за начинот на решавање на проблемите. Ќе го забележиме она што ќе го посочат граѓаните и итно ќе делуваме низ системот на институциите. Што е добро сработено во изминатите 2 години, што треба да се подобри.

Почитувани, се обврзавме пред вас, За нов начин на делување и работење, Но и за забрзување на напредокот на целокупниот општествен живот. Ветивме пред избори дека нема да излегуваме на терен само пред избори. Ветивме дека ќе бидеме присутни дури и кога сметате дека сме погрешиле. Ние сме на ваша страна, ние сме дел од Вас, приклучете ни се, бидете гласни, како што само Битола знае да биде гласна! Вашиот став и вашето мислење за нас е важно, секоја ваша критика упатена кон нас е поттик за навремено реагирање и пронаоѓање решенија.

Преку извештаите и работните средби, ќе се евиденира степенот на реализација на проектите и задоволството на граѓаните, и од политиките и од носителите на истите. Ова ќе го вкрстиме заедно со информациите од граѓаните на терен. Преземаме обврска, преку координирана акција да се надминат сите предизвици во реализацијата на она што е ветено пред граѓаните.

Почитувани сограѓани, вие сте најнеопхониот дел од овој процес! Заедно со вас и со ваша помош одиме напред, кон подобра иднина и подобро општество, кон подобар живот за сите нас!

Mission News Theme by Compete Themes.