Press "Enter" to skip to content

“Ова не е паркинг“- жолти балони против паркирањето на тротоар и зелени површини

Акцијата „Ова не е паркинг“ е посветена на узурпацијата на јавните површини во Битола од страна на возачите на автомобили, кои паркираат на недозволени места за паркинг.

Граѓаните секојдневно се соочуваат со проблеми кои го ограничуваат нивното движење и ја загрозуваат нивната безбедност.

Иако Битола не е голем град, паркирањето на јавните површини и тротоари зема се поголем замав и на одредени локации низ Битола. Практично е невозможно безбедно движење на пешаците.

Во изминатите неколку години поради трендот на узурпацијата на тротоарите предизвикани се повеќе несреќи, а постарите граѓани, инвалидизираните лица, велосипедистите и децата се почесто се обесхрабрени да се движат на одредени локации низ Битола

Mission News Theme by Compete Themes.