Press "Enter" to skip to content

Прес и на ВМРО-ДПМНЕ за планинарскиот дом “Копанки“

По преписката меѓу општина Битола и претседателството на ПСК Пелистер и пресот на СДСМ, преку прес-конференција се огласи и ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

На пресот зборуваше, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, Иванчо Тошевски кој рече:

-Решението издадено од Општина Битола, а потпишано од Петровска со кое се одзема правото на сопственост на ПСК Пелистер врз планинарскиот дом Копанки е врв на лагите и лицемерието на Петровска и актуелното раководство на СДСМ во Битола. Битолчани по кој знае кој пат повторно се излажани од СДСМ и Петровска. Сите одлуки донесени во минатите состави на Советот на Општина Битола кои беа неопходни во процесот на легализација и утврдување на сопственост на планинарскиот дом “Копанки“ се донесени со конзензус од страна на сите членови на Советот. Во тие состави членови биле градоначалникот Петровска, координаторот на советничката група на СДСМ Илиевски, претседателот на Совет Груевски, и претседателот на СДСМ во Битола Златко Ќурчиевски. Од нив истите додека беа во опозиција и во текот на предизборната кампања постојано слушавме дека се залагаат за решавање на проблемот преку директна финансиска поддршка од страна на Општина Битола во рамки на постојната ситуација, а не преку одземање на правото на сопственост на ПСК Пелистер врз планинарскиот дом Копанки.

Почитувани од СДСМ, членови на ПСК Пелистер се љубители на планината и планинарењето, а не членови на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ или други политички партии. Сите лаги и обвинувања кои ги изнесовте во јавноста се само потврда дека ниту имате љубов кон Битола, ниту пак знаете што значи љубов кон планината и планинарењето. Вашата “љубов” за Битола ја гледаме само кога се во прашање вашите лични интереси.

Затоа бараме под итно да одговорите на следните прашања:
– дали и зошто цело време наназад како власт ја обструирате реконструкцијата на “Копанки” од страна на ПСК Пелистер?
-дали позади ова решение стои нова афера со уцени од типот на Коки и Кики само сега режирана одВаш коалиционен партнер?
– дали крајната цел е приграбување на “Копанки” од страна на лице кое е близок роднина на високфункционер од актуелната власт?

Битолчани ги знаат одговорите на овие прашања, а дали вие од власта ќе имате доблест да одговорите останува да видиме.

Mission News Theme by Compete Themes.