Press "Enter" to skip to content

Владо Ѓорѓиев пред концертот во Хераклеа на средба со фановите на терасата на “Епинал“ (фото)

Познатата балканска поп звезда, Владо Георгиев, пред вечерашниот концерт во античкиот локалитет Хераклеја, попладнево, по пристигнувањето во Битола, имаше средба со новинарите и фановите на терасата на хотел “Епинал“.Владо Ѓоргиев, ги поздрави битолчани, со битолски акцент како на промотивната видео покана и и уште еднаш ги покани да бидат заедно во Хераклеја.Фановите го искористија неговото присуство за разговор и секако да направат и фотографии за спомен од неговото гостување во Битола.Концертот започнува во 21 часот во Хераклеја.