Press "Enter" to skip to content

Спектакуларен концерт на Владо Георгиев во античкиот амфитеатар на Хераклеја (мега фотогалерија)

Владо Георгиев –  боемски со душа и срце пееше и ги воодушеви повеќе од 3.000  биточани  на синоќешниот концерт, кои дел од концертот го следеа по дожд.Летниот дождот кој синоќа започна да врне, не ги спречи фановите и сите оние кои сакаа да присуствуваат на концертот на големата балканска поп звезда Владо Георгиев.Околу 3.000 илјади битолчани го исполнија античкиот амфитеатар Хераклеја до последно место.Глетката со отворени чадори и дожд, единствена и како создадена за концертот со музиката на Владо Георгиев романтична, боемска…Владо Георгиев излезе на сцената со својата хармоника која е и негов прв инструмент и ја поздрави публиката во сопствемн стил на шармер „Здраво Битола“ „Што прајте“ со специфичен акцент и  очигледно воодушевен од атмосферата во амфитеатарот на Хераклеа и летната дождлива ноќ.После романтичните звуци на неколку  песни ја испеа „Битола мој роден крај“ во џез верзија и силен аплауз од публиката.Потоа продолжи „боемски“ како што и се обрати на публиката која ги пееше  заедно сите негови хитови.Звуците на “Анџеле“, “Нисам љубоморан“, “До свитања“, “Ти и ја“, “Хеј ти (Еј)“,  “Без тебе“ и други се слушаа на полна месечина која излезе, кога престана дождот, а битолчани уживаат боемски.Со музиката и Владо Георгиев кој шеретски комуницираше со публиката особено со женскиот дел, но посебно внимание обрна и кон најмалите кои присуствуваа на концертот.Тој  во текот на концертот  пееше и свиреше  и ги покажа своите мултиталенти како што зборува и неговата биографија.  Владо Георгиев е музичар и композитор. Тој првично свирел хармоника и имал желба да стане голем џез музичар. Потоа тој почнал да свирипијано, синтисајзети и други клавијатирни инструменти.Аранжира песни  и работел со многу екс-југословенски и странски ѕвезди. Снимил повеќе студиски албуми и многу хитови со кој доживеал голем успех.Тој е еден од  најпопуларните пејачи и изведувачи во Србија и Црна Гора и е многу популарен во сите екс-југословенски држави. Сопственик на издавачка куќа “Барба музика“ и е голем борец за правата на авторите.Тој бил водител на српската верзија на талент-шоуто “The Voice” (“Први глас Србије”) во 2011 и 2012 година и жири во “Твоје лице звучи познато“ ТЛЗП.На концертот, во Хераклеја, пред битолчани и публика од околните градови, докажа дека е и вистински уметник со душа и срце.Жанета Ристевска

Mission News Theme by Compete Themes.