Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: продолжуваат контролите, викендов 40 возачи возеле без возачка

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на за време на викендот извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство.

-Викендов при сообраќајните контроли било констатирано дека 40 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 29 возила, брзината ја надминале 140 возачи, тројца возачи не користеле сигурносен појас при управување на возилото и пет други зборувале на мобилен телефон, соопшти портпаролот на битолската полиција, Сања Стаматова.

More from ВестиMore posts in Вести »