Press "Enter" to skip to content

Работилница за “Видео игри“, во рамките на “Тин лето во библиотеката“ (фото)

Библиотеката “Св. Климент Охридски“ во рамките на предвисените летни активности наменети за младата популација, а во рамките на проектот “Тин лето во Библиотека“ ја одржа втората работилница, овој пат, за “Видео игри“, чиј проект-раководител е м-р Милка Котевска.Работилницата ја водеше Петар Котевски, сопственик на “Камај медиа“, фирма која преставува лидер во регионот за изработка на видео игри и виртуелна реалност.Во рамките на работилницата, децата беа запознаени со начинот како се изработува видео играта, кои програмски јазици се користат, кои се најпопуларни видео игри за тинејџерите, а потоа и самите имаа можност да програмираат. При тоа беше користен специјален програмски јазик за деца “SCRATCH“ изработен од Институтот за технологија од Масачустес.Водени, чекор по чекор, од Петар Котевски, учесниците имаа прилика самите да креираат лик од видео игра, да ги постават неговите основни движења, да ја одредат целта и поените. Интересот и возбудата кај децата беа очигледни, а на Петар му поставија интересни прашања во текот на целата работилница.