Press "Enter" to skip to content

Утре стартува “Локум фест“ со ансамблот “Македонија“ на “Магнолија“ (фотогалерија)

“Локум фест“ се држи со својот дискурс, културата, и не впушта во естрадните води, се обидува да понуди квалитетна програма, која е одмерена и ќе го следи концептот на фестивалот и нема никој да биде изневерен.

По повод стартот на годинашниот 13. по ред балкански-етно фестивал “Локум фест“ прес-конференција во кафулето “Бар Чаршија“ одржа Тоше Ивановски, основач на фестивалот, а тука беа од занаетлиската комора на Битола, како и претставник на здруженито на ракотворци, кои се партнери на “Локум фест“.

Ивановски на почетокот на пресот зборуваше за програмата на годинашниот “Локум фест“, а фестивалот ќе се  отвори на плоштадот “Магнолија“ со настап на ансамблот “Македонија“, утре во 20,30 часот. -Ова е 13. издание на фестивалот, а до сега во Старата битолска чаршија настапиле повеќе од 60 ансамбли од околу 20 земји, а да споменеме дека имало од Египед, САД. Овој  фестивал настанал како спојување на идејата за кафето и локумот, како средба меѓу комшиите, еснафот и различните култури. Во конзулска Битола битисуваа различни култури, меѓу кои е сефардската култура, лабино култура, а се слушаше мелосот на сите нив. Обичај меѓу еснафите било да се поздрават и да се напијат кафе со локум, а “Локум фест “ е синоним на средба и амалгам на културите, веќе 13 години, рече Ивановски во уводното обраќање и запознавање со фестивалот на присутните.

-Преку музика, изложби на ракотворци стари семејни предмети, фотографии, мебел и се она што го поседуваат нашите битолски фамилии ја промовираме нашата историја како традиција, како живо културно наследство,  затоа што веруваме дека традицијата и минатото го определува човекот она што е денеска и што би било во иднината, појасни  Тоше Ивановки.За годинашната програма Ивановски рече:

-Чест да објавам дека започнуваме со најдобрите, со ансамблот “Македонија“, кој доаѓа со голем број уметници, и кои ќе имаат чалгиски перформанс, почнувајќи со дефиле, од плоштадот “Магнолија“ па се до Чаршија. Потоа ќе има читање на битолските фермани како дел од живото културно наследство. Потоа ќе следуваат нашите гости од Грција, балканското име, хармоникаш, Танос Ставридис и групата “Дром“. Наредниот ден ќе настапат исланѓаните кои практикуваат балканска музика, Бјокност кој и досега бил тука. Третата веќе ќе настапат номадските девојки “Перија“ кои се постојано во патување, а ќе ги имаме тука. Фестивалот ќе го затвори бразилецот Бјонко.

Ромео Бошевски од занаетчиската комора на Битола, рече дека секогаш поддржуваат овие средби во Чаршијата, посебно “Локум фест“, односно се што е поврзано со неа, ќепенци, кафе, локум, еснафи, занаети, шеќерџии, локумџии, односно она што некогаш бил Пекмез пазар.“Локум фест“ сака во иднина да понуди поквалитетна програма, да се вмрежи со балканските фестивали од овој вид, а со тоа годинашните 150 ноќевања, нивни придонес за битолската економија, во иднина да бидат многу повеќе. Во оваа насока сакаме да кажеме и дека освен ракотворци од Битола, ќе има и од Скопје и Куманово, како и претставникот на Балканската асоцијација од Улцин со кого ќе потпишат договор за партнерство и вмреживување. “Локум фест“ е парнер со “Етнофест“ фастивалите од Косово и Грција.“Локум фест“ е поддржан од Министерство за култура и за економија, агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Општина Битола, како и неколку локални спонзори, локумите “Дониа“, “Ангромаркет“ печатница и хотел. 

Сашо Ристевски

Mission News Theme by Compete Themes.