Press "Enter" to skip to content

Танос Ставридис со хармониката ја разбуди чаршијата на првиот ден на “Локум фест“ (фотогалерија)

Синоќа беше отворено 13. издание на “Локум фест“, а чест да го орворат имаа членовите на ансамблот “Македонија“.Ансамблот “Македонија“ облечени во староградки костими имаа дефиле од Старата битолска чаршија, преку новата пешачката улица, се до плоштадот “Магнолија“, каде имаа музички настап со што и означија дека “Локум фест“ е отворен.Потоа програмата продолжи на ширината под Ленски мост, во старата чарпија, каде е поставена и официјалната бина на “Локум фест“, а таму свој настап имаше познатиот грчки виртуоз на хармоника, Танос Ставридис, и неговата група која го следи на настапите “Дром“.Одличните изведби на Ставридис наидоа на воодушевување кај сите присутни во Чаршијата, а изведе и преработки на македонски песни, а се претстави со голем број на изведби од неговиот широк репертоар.-Сите тројца се големи мајстори на својот занает, дел од членовите на групата “Дром“ се мои ученици и ми е мило што, еве се тука, во Битола, на мој терен, а за мајсторот на хармоника не сакам да коментирам, сите видомве каков концерт направи, ни рече битолскиот мајстор на кларинет, Вевки, кој со многу внимание го следеше настапот на неговите ученици.Присутните, љубители на староградската музика и чалгија, имаа прилика покрај уживањето во музиката да имаат некој час боемштина низ Чаршија, да јадат скара и да пијат пиво, да пробаат локум, да купат некој предмет за спомен од тезгите на ракотворците кои се задолжителен дел од “Локум фест“.Денес на програмата на “Локум фест“ на официјалната бина е настапот на Бјонко, балкански уметник кој го обедини најдоброто од Балканот и Данска, во 22,30,  и исландската светска музичка група “Византиска силуета“ во 21 часот.Локум фест“ фестивал на  музиката и традиција го организира од Центарот за културна деконтаминација и е поддржан од Министерство за култура, за економија, Агенција за поддршка и промоција на туризмот, Општина Битола, а се одржува во рамките на “Битфест 2019“.

Mission News Theme by Compete Themes.