Press "Enter" to skip to content

Бјонко, “Византиска силуета“ на вториот ден на “Локум фест“, а се читаа и фермани (фотогалерија)

На вториот ден на “Локум фест“ фест на официјалната бина во старата битолска чаршија, пред “Бар Чаршија“ настапи кларинетистот Бјонко со неговиот бенд, групата “Византиска силуета, а студентот по историја Васко Гичевски, прочита шест турски фермани.Главната звезда на вечерта кларинетистот од Данска кој потекнува од Битола, Бјонко Стошиќ Петерсен и настапи со својот бенд  „Bjonko & The Balkanbeat Band“.Бјонко Стошиќ е  роден и израснат во Копенхаген, а потекнува  од семејство на музичари од Битола. Ментор му бил познатиот македонски кларинетист Чапче Наумовски, чиј балкански звук и свирење по фрази се типични за јужномакедонскиот регион.Бјонко настапувал на најголемите дански музички фестивали и е добитник на данската награда за настапи во живо на „DMA World“ во 2015 година. Соработува со бендови и артисти од секаков жанр,  од авангардни експерименти до спој на  традиционалната балканска музика со модерниот западен рок, поп и хип-хоп.Повеќе од две децении тој на скандинавската музичка сцена ги носи балканските ритми на кларинет и саксофон. Покрај него, во бендот „Bjonko & The Balkanbeat Band“ се и: Расим Дураковиќ – хармоника, Расмус Ларле Дамсгард – бас, Расмус Волден – гитара и Микел Вилингсхој – тапани.Големиот број на луѓе кои беа во Чаршијата понесени од музиката на Бјонко, кој изведе одлични преработки на македонски песни, воодушевувањето ги понесе да се одиграат големо оро.Денес е последната трета вечер на “Локум фест“  во 21 часот, на официјалната бина, ќе настапат девојките од патувачкиот караван “Перија“, а Македонија, Кина и Бразил ќе се спојат вечер во настапот на Јордна Костов, Маки Хацкија и Марко Босо.