Press "Enter" to skip to content

Заврши годинашното 13. по ред издание на “Локум фест“ (фотогалерија)

Со концертите на последната трета вечер на “Локум фест“  на девојките од патувачкиот караван “Перија“ и на Јордан Костов, Маки Хацкија и Марко Босо заврши годинашниот “Локум фест“.По три дена и шест концерти на официјалната бина во Старата битолска чаршија, заврши годинашниот “Локум фест“ која како и минатите години направи Битола, битолчани и нивните гости да ја почуствуваат Старата чаршија, за слушаат чалгии, да уживаат во топлите ноќи со скара и пиво и со неизбежниот локум.На последната вечер трите девојки од патувачкиот караван “Перија“ се обидоа и според реакцијата на публиката успеаја да донесат магијата на планините и селата на улиците, во чаршијата, да ги спојат ориентот и балканот, без да го запостават градското дете во нас. Одличен концерт кој битолчани го следеа со многу внимание.По нив настапија Јордан Костов, Маки Хацкија и Марко Босо, кои прво со соло изведби, а потоа и заедно, иако нивниот настап беше малку подалеку од она што очекуваа да слушаат, сепак битолчани со внимание го следеа нивниот настап, а посебно настапите на јапонката Маки и бразилецот Марко.Оваа година “Локум фест“ продолжи да ја спојува идејата за кафето и локумот, како средба меѓу комшиите, еснафот и различните култури, а според тоа кој се настапи на “Локум фест“, фестивалот е и ќе биде синоним на средби и амалгам на културите.“Локум фест“ сака во иднина да понуди поквалитетна програма, да се вмрежи со балканските фестивали од овој вид, рече идејниот творец, Тоше Ивановски, а додаде дека идната година ќе има нов концепт, неколку бини низ чаршијата, а отворањето ќе биде во “Хераклеја“.Заклучно со ова 13. издание на фестивалот до сега во Старата битолска чаршија настапиле повеќе од 70 ансамбли од околу 25 земји.С. Ристевски