Press "Enter" to skip to content

Сом капиталец, на Стрежевско, “фати“ Лазе од “Радио 105“ (фото)

Откако се тргнати забраните за риболов, страсните риболовци кои редовно се на брегот на Стрежевското Езеро се пофалија со уловени десетина капиталци, а еден од нив е Лазар Николовски, или популарно викан, Лазе 105.Николовски деновиве улови сом, капиталец, со тежина од околу 15 килограми, долг повеќе од еден метар, а за уловот вели:-Бев на риболов со “спиење“, како велиме ние рибарите, а утрото на јадица се закачи сомот, по што следуваше борба, која за среќа траеше само петнаесетина минути, по што сомот се најде во кошницата. Сомот го уловив на истото место, каде секогаш ловам. Ова не е мој личен рекорд, бидејќи лани уловив сом од 25 килограми на јадица на истото место, а за бројот и големината на крапови не сакам да зборувам и да се фалам, оние кои се со мене на езеро знаат.Инаку, Лазе 105, е страствен риболовец повеќе од 40 години, а 22 години е секогаш кога ќе му се укаже прилика на брегот на Стрежевското езеро, а негова страст е риболовот на крап и сом и е како велат од ЈП “Стрежево“ и риболовците, еден од оние рибари кои е пример како да се однесуваат риболовците на езерото.

Mission News Theme by Compete Themes.