“Германија бара медицински персонал“ е проект на агенцијата “Pro Select“ од Германија која посредува (без провизија) при вработување на медицински персонал. Кандидатите мора да имаат познавања на германски јазик од А1 и Б2 ниво. Школите за странски јазици „Лексика Нова Битола“ и „Креатив Веј“(Creative Way) од Скопје се сертифицирани да ги организираат овие курсев за овој проект.
Пријавувања за уписи за овие курсеви започаа и по тој повод поразговаравме со Каролина Петковска сопственик на школата „Лексика Нова Битола“ за повеќе информации околу оваа нивна вклученост во проектот “Германија бара медицински персонал“,кои ќе им бидат добредојдени за сите оние кои се заинтересирани.
Кажете ни информации за пријавување и упис?
-Пријавување за курсеви по германски јазик од А1 до Б2 ниво ќе се врши во јули и август, а курсот започнува во септември. Првиот месец е бесплатен, а потоа кандидатите можат да одлучат дали ќе продолжат со курсот. Во октомври 2019 претставници од Агенцијата Pro Select (www.pro-select.info) “Pro Select“ ќе дојдат во нашата школа и ќе ги презентираат можностите за вработување пред заинтересираните кандидати. Кандидатите кои ќе продолжат со курсот ќе потпишат договор со кој ќе им бидат вратени 50% од вложените пари за курсот при вработување во Германија.
-Кажете ни повеќе за Агенцијата “Pro Select“ и проектот „Германија бара медицински персонал“?
-“Pro Select“ е агенција од Германија која посредува (без провизија) при вработување на медицински персонал. Имено, станува збор за долгорочно вработување, се бараат кандидати кои би се преселиле да живеат и работат во Германија. Профили кои се бараат се медицински сестри, сестри акушерки, радиолози. Услугите на агенцијата се бесплатни Кандидатите добиваат работа во клиника според нивното образование. По потреба се организираат хоспитации во клиниките (сите трошоци ги подмирува Про Селект), а за кандидатите е орагнизирано сместување и превоз од аеродром до Клиника и обратно.Про селект исто така помага и за нострификација на дипломите и нуди преводи за потребните документи по повластени цени за пријавените кандидати. Исто така да нагласам дека кандидатите на Про Селект имаат поддршка од агенцијата за сите потреби со властите во Германија. Ваше CV може да испратите на stoilov@pro-select.info. За дополнителни информации лице за контакт на Про Селект за РС.Македонија Марјан Стоилов (075 214 601
Школата “Лексика Нова Битола“ е застапник за регионот Битола, Прилеп, Ресен за органиизирање на овие курсеви по германиски јазик за потребните нивоа и доделува сертификат кој е потребен за да аплицираат во агенцијата “Pro Select“. Ова го нагласувам бидејќи имаше случаеви кога овие услуги ги превземаа и други, кои немаат ваков вид на соработка со агенцијата Pro Select , за да нема недоразбирање. Конкретно за овие курсеви, сопственичката на “Лексика Нова Битола“ вели:
-Уписот за курсевите веќе е започнат, има интерес како и досега. Оние кои се заинтересирани за повеќе информации, може да не посетат во нашите простории во Центарот за странски јазици „Лексика- Нова Битола“ кој се наоѓа на улица „Анести Пановски“ бр 13 во Нова Битола каде ќе добијат подетални информации за „Германија бара медицински персонал“. Или на телефон 077 898 018 Тука сме со професорката по германски јазик Елена Мицевска која успешно водеше вакви курсеви досега. Професорот Елена Мицевска ќе ви даде детални инфорнмации околу организирање на часовите од курсот и потребните материјали за изучување на германскиот јазик.
Во изминатиот период веќе неколку кандидати успешно го завршија изучувањето на германскиот јазик во нашата школа и заминаа да работат и ги реализираат своите амбиции кои ги замислиле и зацртале пред себе додаде на крај Каролина Петковска.
Жанета Ристевска






