Press "Enter" to skip to content

Болницата “Плодност“ применува најсовремени светски методи, “Пост коитален тест“

Битолската специјална болница по гинекологија и акушерство “Плодност“  и центарот за ИВФ и асистирана хумана репродукција во своето работење ги применуваат најсовремени светски методи. Еден од тие методи е “Пост коиталниот тест“, кој денес ќе го објасниме.

Во близина на времето на овулација секој месец, јајниците излачуваат естроген кој стимулира производството на слуз од грлото на матката. Сперматозоидите мора да навлезат и да пливаат низ овој слуз, а потоа патуваа низ репродуктивниот тракт за да стигнат до јајце клетката за да ја оплодат. Меѓутоа, во некои случаи, има некомпатибилност помеѓу спермата и цервикалниот мукус, предизвикувајќи да сперматозоидите станат неподвижни или да изумрат, со што се спречува оплодувањето.Што значи оцената на Пост коиталниот тест?

Тоа ја оценува интеракцијата помеѓу спермата и цервикалниот мукус во време на овулацијата и да се утврди дали постои некомпатибилност. ПЦТ е лош индикатор за бременост, но може да биде корисен за да се утврди дали има потреба за интраутерина инсеминација (IUI).

Зошто се прави?

Ако по првичните тестови кај жената констатирано е дека женскиот партнер има правилна овулацијата , нејзините јајоводи не се блокирани и анализата на спермата кај машкиот партнер е нормална, лекарот може да побара да се изведе ПЦТ за да се исклучи некоја неправилна интеракција помеѓу цервикалниот слуз и сперматозоидите.

Како се изведува процедурата?

Пост коиталниот тест се прави 1-2 дена пред овулацијата кога цервикалниот мукус е тенок и еластичен и сперматозоидите може лесно да се движат низ него во матката. Испитувањето се врши во рок од 2-8 часа после секс. Тестот опфаќа земање на мала количина на цервикална слуз и нејзино испитување. Земањето на цервикалната слуз се врши со спекулум и исто така се користи ултразвучен апарат за да се види дека е пред овулација. За жената не претставува никаков проблем и е безболно.Оценување и резултати од тестот

Нормален: Нормални количини на сперматозоидите се пронајдени во примерокот. Подвижноста на сперматозоидите е нормална. Квалитетот на цервикалниот слуз е нормален

Абнормален: Слуз е густ, леплив и во помала во количина. Нема доволно сперматозоиди. Нема доволен број на подвижни сперматозоиди

Доколку има некои од овие абнормалности се препорачува интраутерина инсеминација IUI .

Mission News Theme by Compete Themes.