Press "Enter" to skip to content

Втор ден “Илинденски денови“, изведена камерната претстава “Надеж“ (фотогалерија)

Низ музиката и стиховите е проткаена македонската традицијата и обичаи, но и вербата во Бога, и затоа камерната претстава си го заслужи местото на фестивалот кој исто така ја чува традицијата “Илинденски денови“.Во рамките на фестивалот “Илинденски денови“  на новата сцена, во Центарот за култура, беше изведена камерната претствата “Надеж“, на која му беше трета по ред изведба. Публиката ја преполни новата сцена и уживаше во камерна музика, камерна претстава, камерна сцена, која за жал бече со ограничен број седишта.Во “Надеж“ учествуваа, Јулијана Мирчевска – актер, Марина Коруновска – мецо сопран, Маја Митровска – сопран, Александра Јанковска – пијано, како и деца од театарска школа “Бабец” и Детски хор “Ѕвончиња”.Дејствието се одвива под Пелистер, со поглед кон Преспанско езеро, а сите ликови живеат во свое време. Посебен акцент се дава на македонската мајка која чекори низ минатото и денес, мајката која бара утеха во молитвата. Мајката со својата божествена утроба во која се создава животот. Сенка од минатото, која се јавува како привидение. И надежта која не умира, прикажана преку наивниот карактер на една млада девојка.

Во музичко-сценската драма се проткаени звуци и стихови на македонски композиори и поети.

Mission News Theme by Compete Themes.