Press "Enter" to skip to content

Фото вест: поставена бината на Ракометно за “Илинденски денови“

Организаторите на фестивалот “Илинденски денови“ ги привршуваат последните подготовки за свеченото отворање и одржување на фестивалот во Ракометното игралиште.

Вечерва е поставена големата бина, која ќе биде изненадување за публиката, бидејќи наместо како досега на влезот на Ракометно од левата страна, таа ќе биде поставена на центарот на игралиштето и завртена кон трибината кај ДТВ “Партизан“.

Бината е професионална, а вечерва се дотеруваа светлото и озвучувањето.