Press "Enter" to skip to content

45. годишна изложба на ДЛУБ, наградата “Траиковски“ за Сандра Котевска (фотогалерија)

Синоќа во “Магазата“ беше свечено отврорена 45. по ред годишна изложба на Друштвото на ликовни уметници од Битола (ДЛУБ), на која беше доделена и годишната награда “Борисав Таиковски“.Изложбата за отворена ја прогласи претседателката на ДЛУБ, Елена Ѓорѓиевска, која пред тоа рече:-Претставува голема чест, задолволство и одговорност да се организира оваа 45. по ред јубилејна изложба. На оваа годишна изложба секогаш авторите се мотивирани и ги презентираат најквалитетните дела. На оваа јубилејна изложба ќе доделиме и награди и благодарници на сите учесници, и на градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.Највисоката награда “Борисав Траиковски“ за најдобро ликовно остварување ја доби Сандра Котевска, која ја искористи приликата да се заблагодари за наградата, на организаторот и секако на семејството на Траиковски кои и ја доделија наградата.Награда за животно дело доби Панде Петровски, за особен придонес на ликовната култура на Битола – Илија Кочовски и награда за остварување од млад автор – Лилјана Петровска. Годинава дела на изложбата имаат 19 битолски автори, а делата се публикувани и во каталогот на ДЛУБ каде се спомнати и починатите битолски уметници. Предговор во каталогот напиша Владо Ѓоревски, а во име на добитниците се заблагодари Панде Петровски.