Press "Enter" to skip to content

Со “Комитското“ отворен фестивалот на народни песни и игри “Илинденски денови” (фотогалерија)

На ракометното игралиште започна  49. издание на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови”, а му претходеше дефилето на фолклорни групи и друштва од државата и светот на Широк Сокак.Пред официјалното отворање на фестивалот КУД “Илинден“ го изведе “Комитското“ во придружба на ансамблот на друштвото, а потоа на прсутните им се обрати и директорката на НУ УБ Центар за култура, Маја Андоновска – Илиевски.На сите гости, учесници на фестивалот убав престој во Битола им посака градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.Ви посакувам убав престој во нашиот град, Битола половина век била домаќин на овој фестивал, а битолчани секогаш биле добри домаќини, рече Петровска.Фестивалот за отворен го прогласи потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, кој нагласи:-За време на фестивалските денови преку своите песни и игри да ја пренесете универзалната порака на прифаќање и почитување на различностите. Вие сте вистински амбасадори на културата, им порача Мисовски на учесниците на Фестивалот.На петте фестивалски вечери ќе настапат играорци од три континенти кои ќе ги презентираат националната традиција, фолклорни богатства и култури.Според програмата, вечерва ќе настапат КУД „Илинден”-Битола, ансамбл „Македонија”-Скопје, културно уметничките друштва „Ристо Донев учителот”-Штип, „Русалии” од Секирник, „Јане Сандански” од Неготино, „Китка”-Истибање и „Ибе Паликуќа” од Скопје, а од странство на фестивалската сцена ќе се претстават гостите од Белгија, Индија, Израел и Мексико.Фестивалот ќе се одржува по Широк Сокак, во Магазата, низ Старата битолска  чаршија, а последната вечер во Хераклеја.Општина Битола и градоначалникот Наташа Петровска го спонзорираат концертот за затворање на фестивалот  на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ.Вечерва прв на фестивалот настапи ансамблот “Македонија“.

Текст и фото: С. Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »