Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: прекина со работа транспортниот гигант “Транскоп“

Кога ви реков пред дваесетина дена дека имам во бележникот за 2009 година еден убав и еден лош настан, лошиот го имам потцртано со дебело црвено, бидејќи за мене беше тежок. За добриот раскажав, а лошиот, за кој ќе кажан некој збор денес, беше прекинувањето со работа на “Транскоп“, започна Димче Миновски за неговите сеќавања за Битола, не така далеку, пред 10 години.-“Транскоп“ беше најголемиот превозник на производи на Балканот, а можеби и пошироко. Темната портокалова боја на камионите на “Транскоп“, преку која беа препознавани од Лондон до Москва, од Хановер до Техера, во 2009 година, ја снема од патиштата на Европа и Блискиот исток, вели Димче Миновски, кој со носталгија се сеќава на тоа време, времето на “Транскоп“.-Не само што беше голем гигант, туку да кажеме со денешни зборови, “Транскоп“ беше и општествено одговорна компанија. “Транскоповци“ имаа и финансираа фудбалски клуб со истото име, ја донесоа со нивните камиони жичарницата на Копанки, превезуваа играорци за “Илинденски денови“, му помагаа на фирмите околу превозот на нивните производи со одложено плаќање, односно многу помагаа на Битола, вели доајенот на битолското новинарство, за прекинувањето да вози, како ја нарекуваа “флотата на Транскоп“.Но, за жал по многуте турбуленции, според мене, што не значи дека компанија во стечај не поработи уште некое време, во 2009 година е крајот на “Транскоп“, а за младите кои не читаат ќе додадам дека “Транскоп“ имаше стотина и повеќе камиони, шлепери и ладилници, а седиштето му беше на огромниот простор на триаголникот, каде се дели патот за Бистрица и Кравари, кај “Манако“, се до техничкиот преглед на патот за Грција.

More from БитолаMore posts in Битола »