Press "Enter" to skip to content

Со атрактивен танц фолклорниот ансамбл од Мексико го затвори првиот ден на “Илинденски“ (фотогалерија)

Првата  фестивалска вечер на “Илинденски“ помина во знак на свеченото отворање, на “Комитското“ на КУД “Илинден“, “Русалииите“ – христовите чувари во Ерусалим, зурлите и тапаните на ансамблот “Македонија“…, но на крај публиката ги воодушеви танцот на гостите од Мексико.Регионалниот фолклорен ансамбл “Монтереал“ од градот Монтреј од Мексико (CFR – Regiomontano Folkloric Ensembl, Monterreal, Monterrey, Mexico), со атрактивен танц во кој имаше игри, танц, глума, сценарио, за заврши вечерта.-Битола до 31 јули ќе живее во ритмите на Мексико, Индија, Русија, Италија, Белгија, Израел, а добро ќе ги препознаеме и сите наши ора и песни, познати и помалку познати, за да се потсетиме дека фолклорот обединува, зближува, и дека не постои поголем амбасадор во светот, ќе каже на отворањето, Маја Андоновска – Илиевски, директор на Центарот за култура.А, ние преку фотогалерија ви пренесуваме дел од атмосферата која ја направија мексиканските фолклористи, приказна топла, силна, истрајна, радосна…

Ж. Ристевска, Фото: Сашо Ристевски

Mission News Theme by Compete Themes.