Press "Enter" to skip to content

Со хепенинг на Широк Сокак, одбележан светскиот ден на борба против хепатитисот (фотогалерија)

Светскиот ден на борба против хепатитисот 28 јули традиционално се одбележува со низа активности кој ги организира “Хепар Центарот“ од Битола, а во дел од нив вклучен е и  Центарот за јавно здравје во Битола.  Хепатитисот како болест  Б и Ц претставуваат глобален јавноздравствен проблем кој афектира околу 325 милиони луѓе во светот, предизвикувајќи 1,4 милиони смртни случаи на годишно ниво. Хепатитисот може да се спречи и лекува, но сепак 80% од лицата кои се заразени немаат пристап до тестирање и третман, велат од ЦЈЗ од Битола.“Хепар Центарот“ во Битола организира низа активностите со цел да ја подигнат да ја подигнат свеста на населението за опасноста од ова заболување. Во нив беше вклучен и  Центарот за јавно здравје во Битола по повод Светскиот ден на борба против  хепатитисот со акција за бесплатно тестирање на хепатитис. Граѓаните имаа можност да се информираат за превенцијата, начинот на пренос на заболувањето, тестирањето и  третманот.Хепар Центарот оваа година и  со барања до министерството за здравство и фондот за здравство во однос на медикаментите и терапијата која треба да биде присутна во нашата земја. Милан Мишковиќ од “Хепар Центарот“ во однос на ова ни изјави:-За пациените кои треба да добијат практична терапија сеуште нема.  Добивме  донација за околу 300 пациенти со хепатит Ц на ниво на држава и исто така имаме желба и отворени консултации со поддршка на СЗО, ЕЛПА и Светската Алијана за борба против хепатитот кои се одржаа во Скопје со сите релевантни институции. Дојдовме до заклучок да се оформи една национална група која ќе изработи акционен план за активности во наредниот период, а која ја одобри министерот за здравство Филипче. Исто така министерството треба да се изјасни околу воведување на позитивна листа за хепатитис Б и лекот да се донесе и биде достапен за сите пациенти со хроничен хепатитис Б. Заради технички односно бирократски причини лекот се уште не е на позитината листа се до денес 28 јуни Светскиот ден  за одбележување на  борба против хепатитисот.За вечерашниот хепенинг на Широк Сокак Мишковиќ ни кажа:-Со овој голем хепенинг од културно забавен карактер сакаме да допреме со сите, да се подигне свеста за опасностите од ова заразно заболување и тоа  посебно до младата популација. За стигмата која владее околу оваа заразна болест. Да ја подигнеме свеста за тестирање барем еднаш годишно кое ќе доведе до рано откривање и понатамошно лекување. Поради тоа што има достапна и ефективна вакцина против хепатитис Б и новите лекови против хепатитис Ц се добар показател дека во блиска иднина може да се достигне целта за елиминација на хепатитот.На хепенингот настапија групата “Нокаут“ ,танцовото студио “Expose“ и жонглери со оган.

 

Ж.Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »