Press "Enter" to skip to content

Христијан Атанасовски победник на “Трофеј Илинден“ и државен првак во друмски велосипедизам (фото)

Викендов на трката во друмски велосипедизам “Трофеј Илинден“ која се возеше во Скопје, општина Илинден, по повод нивниот отворен ден, велосипедскиот клуб “15 Мај“ настапи со десетина возачи.Христијан Атанасовски го освои првото место во категоријата У-13, а со оваа победа стана и државен првак во друмски велосипедизам.Филип Темелковски го освои третото место исто така во У-13, а во истата категорија, каде клубот има најмногу возачи, Андреј Георгиевски го освои 4. место, а Андреј Павловски 5. место.Во категоријата мастерс, Златко Гецовски во освои 2. место.