Press "Enter" to skip to content

Се случија 300 работи на Фестивалот на аудиовизуелен перформанс и дизајн на храна “300  Работи, Триста“ во “Радост кафе“ (фотогалерија)

Единствено четири дневно доживување за сите сетила со 300 работи – уметност, литература, музика, дизајн на храна…. каде битолчани „излегоа од рамката“.Пискотници се слушаат од Галичник во Река,
Што тешка несреќа ги збра
и мажите, и жените, та гласи тажна ека
и навева сал коб и зла?

Дал’ град полињата житородни ги беше фатил?
ил’ рој од скакулци се вдал?
Дал’ султанот арачлии пред време беше пратил
да збира арач лут без жал?….Со стиховите од  „Сердарот“ (О Арматолос“) на Григор Прличев започна 7 по ред фестивал „300 Работи, Триста“ оваа година со наслов „Излези од рамката“ во рамки на битолско лето.Четири дена, преку  800 гости, магична алхемија  на уметност, музика, литература како десерт, изложби на уметнички дела, фотографии, постери, ДЏ, бузуки, дизајн на храна… Еден  аудиовизуелен перформанс во живо за сите сетила замислен  без граница меѓу публиката- конзумент и учесниците – уметници.“Радост кафе“ и фестивалот  “300  Работи, Триста“ од 24 до 28 јули беше место каде во уметноста се уживаше и  восприемаше со сите сетила.  Фестивалот е започнат како проект на Битолско лето пред 7 години во 2013, како идеја на авторот за „Уметничко литературен  преформанс во живо“ и уметничка алхемија. Авторот  Игор Трајковски – Фоја  за трите денови на фестивалот исполнети со  различни настани  кажа:-Овој проект уште на почетокот е замислен да на едно место   собере уметници од различни области на уметност, литература, поезија, музика, дизајн на храна… Сите претходни години овој фестивал пронајде различни начини и форми за да материјализира нешто, што е препознатливо за публиката како  конзумент. За овие 6 години и  овој  7 по ред фестивал поминаа уметници од Балканот, Индија, Турција, Кина, САД, Ирска, Франција, Чешка. Секоја година фестивалот има различен наслов и порака. Оваа година „Излези од рамката“ односно со алхемијата на уметноста да излезлеме од она што не притиска во современиот начин на живеење каде емоциите ни се заробени и не можеме да уживаме со сите сетила. Овие три денови на фестивалот повеќе од 300 гости уживаа во „300 Работи“ со сите сетила. Фестивалот беше исполнет со 300 Работи…  Изложби на уметнички дела, фотографии, плакат, бузуки музика, ДЏ сет, аудиовиуелни перформанси со поезија и проза. Сето ова зачинето со храна аранжирана Ален “Туцо дизајн“.Фојата, како го знаат битолчани, идејниот творец на Фестивалот, ги спомена уметниците кои учествуваа во програмата овие три дена и секако публиката како составен дел  од фестивалот.-Првиот ден започна со уводен збор и читање на стиховите од „Сердарот“ („О Арматолос“) – Глигор Прличев. Потоа се продолжи со музика во живо и  Buzuki band Klimis&Makis. Уметничките дела на Владимир Симоновски, Сандра Котевска, Коста Дупчинов беа изложени наоколу и вистинско уживање со  десерт литература и дизајн на храна Ален Туцо.Фестивалот продолжи вториот и третиот ден и дизајн на храна, музика во живо со  „Sounds from Asia“ by Maill F Maill, Phill Refill, Mark Purpose и DJ  Ile – The Hair.Изложби имаа Бојана Исијанин изложба на фотографии,  Иле (Коса)  изложба на плакат, Игор Трајковски Фоја изложба „Future in past“,  Иван Коцка Јанчев „People from Shenzhen“.Жанета Ристевска

Mission News Theme by Compete Themes.