Press "Enter" to skip to content

Советот донесе заклучоци, име Еурофарм Пелистер, грб на Пелистер, плаво-бел дрес, буџет од милион евра (фото)

На денешната седница на Советот на оппштина Битола, беа изгласани заклучоците кои Советот на опптина Битола ќе ги достави до РК Еурофарм Работник, во врска со понудената “Платформа“.

По одржаната дискусија и гласање, Советот донесе одлука наместо 100 проценти да се продадат акциите, како што наведе Еурофарм Работник да се продадат 75%, а исто толку Општина Битола да купи акции од Еурофарм Работник.Платформата пред советниците ја образложи Валентин Груевски, кој ги прочита следните заклучоци, кои како рече суштински ја менуваат.

-Да се овозможи купување на 75% од акциите на РК Пелистер согласно законската регулатива.

-Акционерскиот влог да биде 75% на Еурофарм Работник и 25% на Општина Битола.

-Општина Битола да купи 25% од акциите на РК Еурофарм Работник.-Во двата клуба составен дел од името ќе биде Пелистер.

-Општина Битола годишно ќе издвојува по 15 милиони денари.

-РК Еурофарм Работник годишно ќе издвојува по 45 милиони денари.

-Вкупниот буџет на клубот би бил најмалку 60 милиони денари.

-РК Еурофарм Пелистер во наредната сезона ќе настапува во плаво-бели дресови, на кој ќе биде грбот на РК Пелистер, а во наредната сезона дресовите ќе бидат плаво-бели и зелено-бели.

-Трошоците за одржување на спортската сала “Боро Чурлевски“ ќе се делат согласно процентот на акциите.

-Двата клуба без надоместок ќе ја користат спортската сала.

-Останатите точки од Платформата се прифатливи.Заклучоците беа изгласани со 15 гласа од страна на позицијата, а воздражани беа 10 гласа од опозицијата.

На гласање беа ставени и заклучоците кои ги предложи до Комисијата за спорт, советникот Иванчо Тошевски, но не беа изгласани, а беа:  двата клуба да ги носат имињата Еурофарм Пелистер и Пелистер Еурофарм јуниор, во втората сезона името да биде Пелистер Еурофарм, да се прецизира правно зачувувањето на идентитетот и традицијата и спортската сала да ги следи стандардите на ЕХФ.

На седницата, опозицијата, преку координаторот Иванчо Тошевски обвини за нетраспарентонот, реагирајќи дека материјалите ги добиле вчера, а не во предвидениот рок од седум дена.-Интересно изгледаат заклучоците, но химната што ја пеат навивачите, и јас како дел од навивачите гласи: “Нека знае земја цела сакам боја зелено-бела“, е она што сите нас не обединува. Од наредна година мора да има промени. Како најспортска публика, нас не интересира дрес во зелено-бела боја. Да се гарантира дека во следните пет години натпреварите од СЕХА и Лигата на шампиони да се играат токму во Битола, бидејќи битолчани ќе издвојуваат 15 милиони денари рече Иванчо Тошевски, советник од ВМРО-ДПМНЕ, кој побара претставник од Еурофрам Работник ја излез пред советниците и да ја образложи платформата.

По зборувањето на советниците за збор се јави претставникот на “Чкембарите“, Николче Лазаровски, кој рече:-Нам ни е најбитно ни е да се зачува идентитетот на клубот, а тоа иметот и грбот, дресот. Името на спонзорот во случајот ќе биде пред името на клубот, но и тоа го прифаќаме, но ни пречи менувањето на боите на клубот. Еурофарм Работник во Лигата на шампиони ја има пријавено сино-белата боја, а најмногу што можеме да прифатиме е тоа да се има два комплети на дресови. Ќе инсистираме сите домашни натпревари да се играат во зелено-бела комбинација, а од следната сезона да бидеме зелено-бели, во спротивни ќе ги нема “Чкембарите“ на трибини.

Заклучоците на Советот ќе бидат испратени до Еурофарм Работник, а потоа Советот повторно ќе расправа за конечниот договор за купопродажба.

 

More from БитолаMore posts in Битола »