Press "Enter" to skip to content

Синоќа староградска музика, вечерва затворање на “Илинденски денови“ со Влатко Срефановски (фотогалерија)

Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови, синоќа на претпоследната фестивалска вечер на староградска музика и игра.Овој пат фестивалот се префрли во Старата битолска чаршија, кај “Монмартр“.
Вечерта на староградска музика и игра  ја отворија членовите на КУД “Васил Хаџиманов“ од Кавадарци, а потоа во Старата чаршија настапија “Распеани штипјани“, “Распеани велешани“, “Распеани гевгеличани“.Се претставија уште и пејачката група „Сирма Војвода“ од Битола, ВИС “Орнаменти“ од Штип, како и староградските групи “Пензионер“ и “Прилеп“ од Прилеп. Вечерта беше заокружена со настап на КУД „Илинден“ од Битола.Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ завршува вечерва со прогласување на фестивалските победници и концерт на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ што ќе се одржи во амфитеатарот на археолошкиот локалитет Хераклеа.

Mission News Theme by Compete Themes.