Press "Enter" to skip to content

Изложба во Библиотеката по повод Илинден: “Илинден во фондот на библиотеката“(фото)

По повод државниот празник “2-ри Август“, Денот на востанието на македонскиот народ е поставена тематска изложба на книги и списанија во холот на Библиотеката.

Се прославува на 2 август, кој е исто така и голем верски празник—Илинден, во чест на пророкот Св. Илија—според јулијанскиот календар.Празникот се прославува во знак на сеќавање на два големи настани кои се случиле на овој датум, и со кои се удрени темелите на македонската државност:

-Илинденското востание од 1903 година кое било организирано од Внатрешната македонска револуционерна организација против Отоманската империја, и во текот на кое била прогласена република, и

-Првото заседание на АСНОМ од 1944 година, во текот на Втората светска војна, на коe се поставени основите на денешна држава.

Mission News Theme by Compete Themes.