Press "Enter" to skip to content

Со концерт во Хераклеја завршија “Илинденски денови“, ФА “Тиквеш“ од Кавадарци најуспешна група (фотогалерија)

Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ од Кавадарци е прогласен за најуспешна фолклорна група која на републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ во Битола презентираше традиционална музика и игра.На синоќешното свечено затворање на фестивалот што се одржа во археолошкиот локалитет Хераклеа, стручното жири соопшти:-најуспешна група која презентираше староградска музика и игра е прогласена КУД „Пензионер“ од Прилеп,

-најуспешна вокална групна изведба награда доби КУД „Јане Сандански“ од Неготино, 

-најуспешен изворен оркестар прогласен е Ансамблот „Тримери“ од Струмица, 

Посебна награда за најуспешна соло вокална изведба награда доби Миливој Миладиновски член на КУД „7-ми Септември“ од Македонски Брод.На последната вечер во амфитеатарот на археолошкиот локалитет Хераклеа целовечерен концерт одржаа македонскиот гитарист Влатко Стефановски и американскиот гитарист од српско потекло Мирослав Тадиќ.Годинава на 49. издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ настапија над 1.000 учесници, членови на културно уметнички друштва, фолклорни групи и ансамбли од три континенти во Светот чиј домаќин беше НУ Центар за култура-Битола. 

More from БитолаMore posts in Битола »