Press "Enter" to skip to content

Пливачите на Oлимпик традиционално на Илинденскиот маратон во Охрид (фото)

Четворица пливачи од Пливачки клуб Олимпик Битола, зедоа учество на 40. Илинденски пливачки маратон во Охрид.

Патеката од Горица до Охридското пристаниште во должина од 2,5 км ја испливаа Дамјан Петровски, Ана Лазаревска, Бојан Лошкоски Ружинов и Ангела Смилевска.Воедно Дамјан Петровски беше прогласен за најмлад учесник кој го испливал маратонот од 2,5 км.

Ова е голем успех за клубот Олимпик од Битола и тренерот Кире Марков, кој повторно го враќа пливањето во Битола.