Струга Трум Љум – Пелистер 1:0 (0:0)
Фудбалерите на Пелистер со одигрувањето на третиот пријателски натпреавар полека влегуваат во завршната фаза од подготовките за наредната фудбалска сезона.
“Пелистерци“ во Струга се поразени минимално со 1:0 од домаќинот Струга Трум Љум, новиот прволигаш. Победниќкиот гол го постигна Лена на стартот на второто полувреме по досудениот пенал, кој тој го претвори во водство и победа.
Во текот на целиот натпревар Пелистер беше рамноправна екипа, а во финишот на натпреварот имаше и шанси за израмни, но во тој период се направија многу замени, па така падна и темпото на играта.
На Пелистер му остануваат уште три седмици до почетокот на Втората лига, каде Пелистер влегува со амбиции за враќање во ПФЛМ.