Press "Enter" to skip to content

Во бутик “Ивет“ модели од модните трендови лето 2019 (фото)

Летната сезона е во „шпиц“. Сега е право време да направите летен „шопинг“ и да купите некое парче облека во кое заблескате ова лето. Ако сте се вратиле од летен одмор вашиот потемнет тен ќе дојде уште повеќе до израз. Ова ќе придонесе и да се чувствувате убаво и пријатно во летните прошетки. Во бутикот “Ивет“ ќе најдете модерни летни парчиња од кежуал стил за прошетки прку ден, и свечени, погламурозни за вечерни или свечени прилики.

Во зависност од тоа  кој стил го преферирате во “Ивет“ може да најдете модели од сите трендови за лето (summer 2019) . Тоа се трендовите: број 1 сафари стил- фустани и комбинеони, романтичен стил со плисе, карнери, чипка, мрежа, шаренило на бои и цветен дезен, бохо,  неонски бои и широки сакоа.Со модните трендови тука се и боите кои ја одбележуваат секоја сезона. Во бутик „Ивет“  најразновидни парчиња на модели во  бои кои го  карактеризираат ова модно  лето.  Низ моделите шаренило од бои, но доминираат белата, жолта, портокалова, неон боите и  јарко корал црвена „ хит “ за оваа сезона. Но, оние кои сакаат посмирени тука се пастелните бои,  елегантната пудра розе боја,  која и оваа сезона е „ин“, маслинеста и посмирено зелена и беж во моделите на „сафари“ стилот кој го има и во стилот на фустани, комбинезони  и шортсеви. Цветните дезени  ги има насекаде: фустани, пантолони, кошули и акцесоари.-Се трудиме да им излеземе во пресрет и се стремиме да ги задоволиме желбите на нашите битолчанки кои и самите важат за секогаш добро облечени и со препознатлив стил. Но често се случува заради повеќе летни  трендови и бои,  да не можат да се снајдат во нивни комбинации,  заради тоа ние сме тука да помогнеме за да се добие една убава летна комбуниција која ќе прилега на ставот, конституција и стил на купувачот.  Оваа сезона шортсевите и куси пантолони се „ИН“ и многу се барани. Ги имаме во различен стил, боја, дезен и можам да кажам дека со добро одбран крој може секоја модна зависничка да ги понесе од  тинејџерки и оние кои се повозрасни со посериозен стил, ни кажа Весна Цветаноска, а за материјалите и моделите додаде:-Би ги  споменала и материјалите на моделите кои се трудиме да се квалитетни, природни материјали во кои доминира памукот  како најпријатен за топлите денови. Заради тоа сите оние кои сакаат квалитетни модели од  модните летни трендови  во  комбинација   со акцесори (чанти и накит) да не посетат каде по многу достапни цени ќе им помогнеме да  изберат модел за себе и  заблескаат ова лето“. Би додала уште битолчамнки знаат што сакаат и обично се што е модерно тие го понесуваат секоја сезона, па и оваа летна.

Бутикот “Ивет“ се наоѓа  во Старата битолска чаршија  слегувајки надолу од кај “подвожњакот“  ќе го препознаете излогот на  бутикот “Ивет“.

Жанета Ристевска

Mission News Theme by Compete Themes.