Press "Enter" to skip to content

Ова ли е Битола, или, ако нема битолчани ја нема и Битола

Димче Миновски

Сабота е, ден по Илинден, околу пладне. Од автобусот слегов кај поренешната стоковна куќа “Јабор“. До мостот “Мушон“, кај Безистенот, видов само неколку дуканџии како ги затвораат железните кепенци на дуќаните. Неколку, другите не работаат.

Под мостот, Драгор, си ја пее вековната песна. Вода многу нема, но мириса на риби. Бргу стигнав до “Магнолија“. Дотука не сретнав никој познат. Ми беше тешко што не отворив уста, а по природа сум муабетчија.

Чекорам по Широк Сокак и така се до олимписки базен или сегашен “Император“.  Чудо, не видов ниту еден познат. Не се поздравив со никој.

Веднаш се сеќавам дека ова не е прв пат. Се прашувам: добра мајката, каде се битолчани. Не верувам дека се сите по одмори и по плажите. Ако нема битолчани, тогаш ја нема мојата Битола.

Е времиња, си велам во себе, затоа што нема со кој да проговорам.

Некогаш од “Магнолија“ до “Император“ ми беа потребни неколку часа. Без малку, на чекор два, ќе се поздравев со некој, ќе поразговарав, ќе сменевме некоја дума…

Е, тогаш, Битола, беше Битола. Каде е сега, што се случува со стариот град кој до пред некое време беше полн со луѓе и врева.

More from БитолаMore posts in Битола »