Директорот на јавното претпријатие “Комуналец“, Панде Богоевски, со цел појаснување на отстранувањето на жолтите ќеси поставени на територијата на Општина Битола, од страна на “Поинаку“, одржа прес-конференција на која рече:
-ЈП “Комуналец“ поднесе до Комуналната испекција при Општина Битола, после кое доби и решение, според кое му се наложи на ЈП “Комуналец“ да изврши отстранување на на сите садови за собирање на смет кои се поставени надвор од определените места за нивно поставување на подрачјето на Општина Битола во законски определен рок од 7 дена. Ваквото поставување на корпи за собирање смет надвор од одбележани места е спротивно на член 14, став 1, алинеја 16, од Законот за јавна чистота, како и спротивно на Одлуката за одржување на јавната чистота на јавните површини во Општина Битола, член 14, став 12, како и член 34 од истата Одлука, а секако е нарушена и амбиенталноста на просторот, појасни Богоевски, покажувајќи фотографии дека ќесите биле поставени во близина на корпите на ЈП “Комуналец“, и додаде:
-На една од фотографиите се гледа дека ни се случи точно она од кое се плашевме, тие ќеси да завршат на дива депонија, во случајот во близина на местото викано Тепсија. Точно ова е пример за упад во организиран, интегриран систем за управување со отпад.
-Повторно ќе упатам повик до сите граѓани, па и до советниците, да работиме заедно, во координација со ЈП “Комуналец“, во интерес на сите граѓани, за да имаме поубава и почиста Битола, заврши Богоевски.