Македонската кадетската одбојкарската репрезентација завршните подготовки за Балканското првенство ќе ги одржи во Битола во периодот од 11 до 18 август, е одлуката на Македонската одбојкарска федерација. Подготовките ќе се одржуваат во салата во медицинско училиште “Д-р Јован Калаузи“ каде што Пелистер ги игра натпреварите од државните лиги.
-Ден порано во Скопје, ќе се изврши селекција и ќе се одбери потесниот список за завршните подготовки во Битола. И во оваа категорија Пелистер Волеј има свои кандидати за место во репрезентацијата, во која пак минатата година место избори нашиот среден блокер Ана Пејовска, вели Роберт Митковски, тренер на Пелистер Волеј, кој напоменува дека со смената на генерациите Пелистер Волеј има повеќе кандидатки за репрезентативниот дрес, но која ќе биде, е одлука на селекторот.
Инаку, балканскиот одбојкарски шампионат за У-17 (кадетки) ќе се одржи во Лукавац – БиХ од 20 до 24 август 2019. На овој шампионат учество ќе земат претставници на 10 национални репрезентации од следните Балкански земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Романија, Црна Гора, Србија, Турција, Грција, Косово и Македонија, со околу 150 учесници.
-Битола претходно беше домаќин и на пионерската репрезентација во која имаше место за нашите Ева Трпеновска и Стефани Најдановска. И благодариме на ОФМ што токму во нашиот гад препознава сериозен партнер како и идеални услови за сместување и за работа, затоа што во радиус од 100 до 150 м се наоѓа се она што е неопходно за непречена работа, од сместувачки капацитети, сала, теретана, базен, како и градскиот парк и центарот на грдот, вели Митковски.