Press "Enter" to skip to content

Победа на “пелистерци“ за самодоверба кон целта, Прва лига

Пелистер – Беласица 3:1 (2:0)

Екипата на Пелистер полека влегува во ритамот кој го посакува тренерот Дарко Крстески и неговите соработници, а секако и фудбалерие, а на сите со единствена цел, Прва лига.

Второлигашот Пелистер во четвртиот контролен натпревар славеше победа од 3:1, а посебно радува што љубителите на фудбалот кој беа на стадионот под Тумбекафе видоа еден добар Пелистер.

“Пелистерци“ се наметнаа од почетокот на средбата, а по првите 45 минути беше 2:0 со головите на Борче Марковски, кој оваа сезона треба да го оправда епитетот засилување. 

Беласица намали на 2:1 со голот на Мартин Мирчевски, а конечните 3:1 ги постави Благојче Љамчевски.

До стартот на второлигашката сезона Пелистер има закажани уште две средби, а против Тиквеш ќе игра на 11 август.

More from БитолаMore posts in Битола »