–40. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 14 до 21 септември во Битола.
-Композиторот Љупчо Константинов е годинешен добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ што ја доделува ДФРМ.
-Околу 3 милиони денари е финансиската поддршка на Општина Битола за годинашното издание на фестивалот „Браќа Манаки“.
На пресот кој се одржа во Битола, во малата сала на Центарот за култура селекторите на фестивалските програми информираа за насловите кои годинава ќе има можност да ги види публиката во Битола. Благоја Куновски – Доре, уметнички директор и селектор на главната програма, откри само четири наслови од годинешната конкуренција на филмови чии кинематографери ќе се борат престижните награди.
-Според традицијата, главната компетиција – Камера 300 и за јубилејното издание беше фокусирана на водечките фестивали. 12 – те филмови кои се во трката за Златната, Сребрената и Бронзената камера 300, беа избрани од три фестивали“. Седум од годинашниот Кански фестивал, три од Берлинскиот и два од фестивалот во Карлови Вари.
Директорката Теодосиевска, исто така информираше дека специјални гости на годинешното фестивалското издание во Битола ќе пристигнат и светски познатиот режисер Фатих Акин и кинеатограферот Рајнер Клаусман.На прес конференцијата се обрати и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која истакна дека фестивалот „Браќа Манаки“ е значаен не само заради тоа што го збогатува културниот живот на Битола, туку и дава додадена вредност на препознатливост во меѓународни рамки.
-Оваа година Општина Битола го поддржа фестивалот во делот на организација со 400 илјади денари, но и во делот на сместувачки капацитети за нашите гости во висина од околу 2 и пол милиони денари, што значи дека околу 3 милиони денари е финансиската поддршка на Општина Битола за годинашното издание на фестивалот „Браќа Манаки“, рече Петровска и додаде:
-Општина Битола успеа да обезбеди средства од 8 милиони и 600 илјади денари од министерството за култура за ентериерно уредување на киното “Манаки“ што било започнато во 2013 година, што заедно со проектот кино Култура успеавме да го организираме во прекуграничната соработка со Грција да имаме практично затварање на една функционална целина. И тоа е уште една вредност за фестивалските денови и настаните шти се случуваат на овој за нас значаен фесивал. Убедена дека и годините што доаѓаат општината ќе придонесува за да по овој фестивал, Битола остане препознатлива“, рече Петровска.
Селекторот на програмата Европски филмски перспективи, Слаѓан Пенев рече дека во програмата се вклучени 17 филмови, а повеќе од половината од овие филмови се продуцирани во земјите од Југоисточна Европа, или поширокиот балкански регион.
Ана Василевска, селекторка на изборот на македонските филмови соопшти дека од годинава на фестивалот „Браќа Манаки“ се воведува награда од публиката за најдобриот македонски филм и дека последниот филм на неодамна починатиот Стефан Сидовски – Сидо, „Последното кафе“ премиерно ќе биде прикажан во рамки на оваа фестивалска програма.
Денеска новинарите и прусутните гости имаа можност прв пат да го видат и видео спотот изработен по повод значајниот јубилеј на фестивалот, чија авторка е режисерката Дина Дума, кинематографер е Наум Доксевски, со актерката Наташа Петровиќ и на кој работеше бројна екипа. Годинашното мото на „Браќа Манаки“ е Кажи им на облаците /Tell theclouds.