Press "Enter" to skip to content

Промовирана “on-line“ сликовницата “Шарен детски свет“ пред најмладите (фото)

Во просториите на детската градинка “Пролет“  се одржа промоција на “on-line“ сликовницата “Шарен детски свет“ од авторката Васка Јовановска, во издание на Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола и Едука Мак доо – Скопје на јутјуб каналот на Библиотеката https://www.youtube.com/watch?v=xxPzHaz8U_4&t=30s

Проектот настојува да ја сензибилизира пошироката јавност за еднаков третман и пристап на лицата со оштетен слух, говор и вид до јавните институции и јавните добра. Во рамките на проектот обработени се 13 раскази чија содржина се раскажува и со знаковен јазик.Сликовницата „Шарен детски свет“ е збирка од 13 наслови, илустрирани драмски текстови, наменети за деца од предучилишна и рана училишна возраст, но и за воспитувачите, наставниците и родителите. Во овие 13 драматизирани настани се испреплетуваат дијалози и разговори на јазик близок на децата. Ликовите од овие сцени им се блиски на децата. Тоа се ликови од околината, семејството, од животинскиот и растителниот свет. Покрај забавниот, драмските текстови имаат и едукативен карактер. Овие илустрирани драмски текстови придонесуваат да се поттикне имагинативната детска игра, многу значајна во правилниот развој на детската личност.

Координатор на проектот е м-р Фатма Бајрам Аземовска, а проектот е финансиран од општина Битола – “БИТФЕСТ 2019“ година и Министерството за култура.

More from БитолаMore posts in Битола »