Денес во 13:35 ч. до Подрачното одделение-Битола при Дирекцијата за заштита и спасување, пристигна дојава за изгубено лице.
Станува збор за странски државјанин, А.А. (25) од Холандија. кое се упатило од село Нижополе кон Големо Езеро на Пелистер.По лоцирањето на изгубеното лице, тимот за брз одговор за спасување на планини, при Дирекцијата за заштита и спасување, излезе на терен, и во 15:10 часот го пронајде лицето над село Нижополе, со лесна повреда на коленото.
По санирањето на повредата, тимот за брз одговор за спасување на планини при ДЗС, безбедно го пренесе лицето до Битола, каде што е и сместено.
Фото: ФБ на Дирекцијата за заштита и спасување